Без струја повеќе делови во Скопје

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 24.8.2022 година (среда) поради закажани технички зафати во електро системот, без напојување со електрична енергија ќе бидат следните корисници:

– во период од 9:30 до 14:00 часот корисниците од Стопански објекти на „Бас тути фрути“, Институт за градежништво, „АДГ АБ“ , во Злокуќани. (општина Ѓорче Петров)

– во период од 9:00 до 13:00 часот корисниците од Горно Соње-во пределот пред влез во с.Долно Соње. (општина Сопиште)

– во период од 9:30 до 14:30 часот корисниците од дел од улиците: Кузман Шапкарев, Гостиварска, 1223, Анастас Коцарев, Борис Сарафов, Мијачка. (општина Ѓорче Петров)

– во период од 10:30 до 14:30 часот дел од потрошувачите на ул. Франце Прешерн (општина Карпош)