Без заби и повеќе од 130 килограми: Вака некогаш изгледаше бившиот на Бритни Спирс (ФОТО)

од Nikola Popovski
391 прегледи

Деновиве Сем Асгари ги полни вестите на порталите и весниците поради разводот со познатата пејачка Бритни Спирс. Двојката се раздели по само 14 месеци брак, при што Сем поднесе барање за развод, а причините за нивното разделување се уште се шпекулации.

Сем, инаку, е иранско-американски модел, актер и фитнес тренер. Тој се појави во телевизиските емисии Black Monday, Hacks, The Family Business и во неколку музички спотови. Од 2020 година, Асгари е сопственик на Asghari Fitness, веб-страница која нуди персонализирани програми за обука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Драстична промена во изгледот и начинот на живот

Пред да се посвети на тренинзите, Сем изгледаше сосема поинаку. Имено, тој во 2006 година со својот татко се преселил од Иран во САД. Се запишал на студии за кривично право, а во исто време работел три работни места за да може се да финансира. Во една прилика рекол дека поради стрес почнал да јаде нездрава храна и имал 130 килограми.

Јадев Doritos за појадок, брза храна, шеќер, бонбони, без протеини, јадев многу јаглехидрати и пиев газирани сокови. Мојата исхрана беше апсолутно ужасна. Комбинацијата на стрес и страв дека не одам никаде со мојот живот предизвика да станам депресивен, признал тој во интервју за Men’s Health.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Но, во 2013 година реши драстично да го промени начинот на живот и изгледот. За шест месеци изгубил повеќе од 45 килограми, па дури и ограничил колку пари може да потроши за храна неделно.

Си дозволував само 50 долари неделно за храна. Не јадев од задоволство. Јадев само за да се прехранам и да преживеам, рекол тој.

Освен што ослабел, Сем си ги средил и забите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Kam Kamangar (@drkamdds)

 

Слични содржини