Во Венецуела пакет кондоми чини речиси 200 долари. Тоа во огромна мера влијае на репродуктивните права и сексуалниот живот на жените. 
Кондомите и другите контрацептивни средства исчезнаа од многу венецуелски аптеки и клиники ланската година. Падот на приходите од нафтата и строгата контрола на цените и валутата на владата на претседателот Николас Мадуро ја уништија економијата на Венецуела. Дивеењето на инфлацијата и остриот пад на увозот доведоа до незапамтен недостиг на основните намирници како што се тоалетната хартија, шеќерот и кондомите. Долгите редици пред супермаркетите и аптеките стана дел од секојдневието за многу жители на Венецуела.
„Состојбата е критична‟ – изјави Белмар Франчески, шефица на PLAFAM венецуелска група која се залага за сексуално и репродуктивно здравје. „Речиси повеќе од една година има недостиг на се и сешто. Речиси е невозможно да се најдат кондоми и други контрацептивни средства, а кога ќе ги најдете, цените им се астрономски‟.
Во аптеките во Венецуела, пакетче од три кондоми може да чини и до 169 американски долари, вели Џонатан Родригес, шеф на невладината организација STOP VIH, што е околу петдневна плата на просечен работник во земјата. „Или јадеме, или купуваме други производи. Минималната плата не е доволна за двете. Не ги покрива дури ни основните животни намирници‟ – рече тој.
На црниот пазар кој цвета во земјата, цената на кондомите двојно е зголемена или дури за три пати. Кога производите ќе станат достапни, многу жители кои се погодени од кризата во Венецуела, ги купуваат па ги препродаваат по повисока цена која многу граѓани не можат да си ја дозволат. Оваа пракса стана толку вообичаена што во венецуелскиот речник влезе како нов збор: „bachaquero‟, според мравка која носи огромен лист. „Bachaquerosite купуваат контрацепција и потоа ја препродаваат на луѓето по цена која сами ја одредуваат‟ – рече Фреди Чебалос, претседател на Венецуелската фармацевстка федерација. „Луѓето се очајни. Зимаат се што ќе им дојде до раце‟.
Тешко е да се утврди кое точно влијание недостигот на контрацепцијата го имаше на венецуелското општество. Владата на претседателот Мадуро веќе повеќе од една година одбива да објави статистика за тинејџерската бременост и семејното насилство. Меѓутоа, наспроти недостигот на официјални податоци, и PLAFAM и STOP VIH се плашат од најлошото: тинејџерската бременост, стапката на заразени со вирусот HIV и тајните абортуси се зголемени поради недостигот и недостапните цени.
Венецуела е веќе земја со највисока стапка на тинејџерска бременост во Латинска Америка, според извештајот на ОН за Состојбата на светската популација во 2015 година, а оваа стапка остана стабилна наспроти значајните промени во другите држави во Јужна и Централна Америка. „Ова е регион во кој тинејџерската бременост не се намалува, што е неверојатно, бидејќи стапката на плодност опаѓа во светот‟ – рече Кармен Барозо, регионална директорка на Меѓународната федерација за планирано родителство (IPPF). Според PLAFAM, речиси 25 отсто од сите бремености во земјата се случуваат на возраст од 12 до 19 години. Се очекува и дека недостигот на контрацептивните средства да има долгорочен економски ефект, бидејќи бремените девојки најверојатно ќе го напуштат школувањето.
Невозможноста да се дојде до контрацептивни средства исто така директно ги загрозува жените бидејќи се зголемува бројот на луѓето кои се обидуваат да направат абортус во небезбедни илегални клиники, вели Барозо. Како и во многу други држави во Латинска Америка, абортусот во Венецуела е илегален, но тоа жените не ги одвраќа од несаканата бременост.
Студијата од Централниот Универзитет во Венецуела проценува дека 16 отсто смрт на мајки во земјата е резултат на компликациите поради тајно извршени абортуси.
„И додека жените во Венецуела имаат проблеми да ја избегнат несаканата бременост, уште поголеми проблеми имаат таа бременост да ја прекинат‟ – вели Барозо. Состојбата посебно е критична кога ќе се земе предвид ширењето на вирусот Зика, за кој се смета дека предизвикува тешки породилни дефекти кај бебињата; групите кои се залагаат за репродуктивното здравје веќе предвидуваат дека бројот на илегалните абортуси ќе се зголеми во пределите зафатени со епидемијата на Зика.
Покрај сето тоа, со кондомите до кои тешко се доаѓа, а речиси е невозможно да се купат, стапката на заразеност со вирусот ХИВ, како и други сексуално преносливи болести, е во пораст и ќе продолжи да се зголемува. Венецуела е четврта по најголем број на луѓе кои живеат болни од сида, во Латинска Америка. Според податоците на организацијата Stop VIH, смртта предизвикана од СИДА е во голем пораст од 1999 година. „Епидемијата од ХИВ е надвор од секаква контрола во оваа земја‟ – рече за VICE Родригез од Stop VIH. „Како ќе го намалиме неговото дејство кога секој ден е се потешко да се дојде до квалитетна здравствена заштита и до кондоми?‟.
Многу луѓе сметаат на организациите како што се PLAFAM и Stop VIH дека ќе набават контрацептивни средства во главниот град. Меѓутоа, недостигот ги погоди и нивните организации. „Состојбата е тешка за сите нас‟ – вели Франчески. Четири клиники од оваа организација во целиот Каракас работат деноноќно да дојдат до контрацептивни средства, но понудата многу ретко успева да ја подмири побарувачката. „Кога имаме антибеби апчиња или импланти, луѓето стојат во редици за нив, а ни снемува за само една недела‟ – вели таа. „Луѓето ги бараат насекаде, но едноставно ги нема на пазарот‟.
За жал мала е веројатноста дека таа состојба ќе се промени. Во своето телевизиско обраќање до нацијата во 2013 година, претседателот Мадуро вети дека ќе изгради мрежа од фабрики за кондоми, да ги заштити младите луѓе од влијанието на „капиталистичката порнографија‟ и зависноста на земјата од кондоми од увоз. Меѓутоа, неговото ветување се уште не е исполнето. „Се уште не сме виделе ниту еден кондом произведен во Венецуела‟ – рече Родригез. „Отсуството на политичка волја доведе до колапс на целиот здравствен систем‟.
Аптеките немаат 80 отсто нормални производи, рече за VICE Чебалос, а таа статистика е уште полоша кога се во прашање кондомите. „Се нема време; нема иднина за оваа земја‟ – рече тој. „Ние сакаме претседателот да ја преземе одговорноста за здравствениот систем, кој е уништен од недостигот на лекови и опрема и итно да почне да носи одлуки. Западнавме во хуманитарна криза