Шансите да се освои главната награда на греб-греб лотаријата во Колорадо изнесува еден спрема 840.000, но на бездомникот Мајкл Ингфорс токму тоа му се случи.

Човекот кој во последните шест години е без покрив над главата, се надева дека ја помина последната ноќ спиејќи на под. Бидејќи останал без работа и се развел, почнал да пие, но не се предавал.

-„Мајкл го виде дното и беше на ивица“, рече за 9њус Џереми Ковалис од прифатилиштето за бездомници во Аспен. „Но, не се предаваше, знаеше дека среќата ќе му се насмевне“.
Шеесетгодишниот Мајкл сречката ја купил во продавница на безнзинска пумпа. Кога го изгребал бројот, истрчал од продавницата вришѕтејќи од воодушевување и потоа ја помина последната ноќ на под во локална црква.