Бездомник запали новогодишна елка во Њујорк (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
513 прегледи

Една од накитените новогодишни елки на Менхетен во Њујорк се запалила, а еден маж е уапсен за подметнување на пожарот, пренесоа американските медиуми.

Божиќната елка била поставена пред редакцијата на Фокс њуз на Менхетен, а во истата зграда се наоѓаат и Њујорк Пост и Волстрит журнал.

Осомничениот за подметнувањето пожар најпрвин бил забележан од обезбедувањето на Фокс нешто по полноќ додека се качувал на вештачката елка висока 15 метри, соопшти полицијата.

Интервенирале и пожарникари, а во инцидентот за среќа нема повредени.

49-годишниот маж кој ја запалил елката се обидел да побегне од местото, но подоцна бил уапсен и обвинет за неколку кривични дела. Кај осомничениот била пронајдена запалка.

Уапсениот бил идентификуван како Крег Таманаха, бездомник со последна пријавена адреса во Бруклин.

Новогодишната елка содржела 10.000 стаклени украси, 100.000 светилки и биле потребни 21 час за да се заврши нејзиното целосно украсување.

Слични содржини