Airbus објави дека безмоторниoт авион на Perlan Project поставил нов рекорд за висина на лет без помош на мотори. Авионот Perlan 2 го победил рекордот на својот претходник Perlan 1, кој е поставен во 2006 година.

Досегашниот рекорд беше за лет на височина од 15 461 метри. Perlan 2 успеал да постигне висина од 15 902 метри во небото над Патагонија заедно со двајца пилоти на авионот. Летови на безмоторни авиони на слична висина се доста тешки и голема реткост. Тие се можни само под одредени услови. Прво треба да се најде доволно силни воздушни струи. Такви се случуваат само на неколку места низ целиот свет и тоа по неколку пати во годината. Сепак Perlan Project ќе продолжи да постои. Главната цел на мисијата е да се се полета безмоторен авион речиси до работ на вселената и да постави рекорд за висина на лет за било какво летало со крилја без разлика дали е со мотор или не. За целта авионот Perlan ќе треба да се издигнува на 27 432 метри височина.
Безмоторните авиони се многу важни за бројни научни експерименти. Според Airbus Perlan 2 е “единствена платформа за научни откритија”. Со него можат да се анализираат фактори кои влијаат на промената на климата, ефектот на радијацијата врз пилотите и леталото при летови на голема височина и др.