Безос го купил најскапиот имот во Лос Анџелес

Основачот на Амазон, Џеф Безос е тежок 132 милијарди долари, па така не му било проблем да искешора дури 165 милиони долари за имот во Лос Анџелес. Со тоа Безос го постави новиот рекорд за цена на недвижнина во Лос Анџелес.

Имотот е од девет хектари и изворно му припаѓал на Џек Варнер, покојниот сопственик на Warner Bros Studio. Варнер во 1930 на имотот изградил голем замок, по кој одел дури и Наполеон, но дворецот бил срушен, а имотот важи за едно од најпосакуваните во Лос Анџелес, бидејќи нуди поглед на цел град.

Имотот содржи тераси и градини, тениски терен, базен, игралиште за голф со девет дупки и посебен дел за мотори со сопствена каража и пумпа за плин.

БЕзос неодамна за прв пат во јавноста ја изнесе својата девојка, Лорен Санчез и со неа насмеан позираше пред камерите. Џеф атрактивната црнка ја покажа пред насобраните фотографи на црвениот тепих во Мумбаи, каде била одржана вечера во чест на Амазон Прајм.

Слични содржини