Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали во емисијата 24 Отворено на Тв24 меѓудругото изјави дека Балканот е чувствително жариште и Западниот Балкан се истакнува во тоа. Тој смета дека тука не се случуваат случајни инциденти.
– Двете страни се движат кон тоа што се нарекува француско-германска спогодба, а тоа е американска спогодба за да може полесно да се имплементира во Србија. Франција е како сојузник на Србија и ова што е како тензија е контролирана, да создава кај другата страна чувство дека не е среќна. Вучиќ добро ја контролира состојбата кај него. Косово е контролиран од западњаците. Сегашниот косовски премиер не се снаоѓа во оваа игра или не сака да ги сфати пораките или мисли дека тие пораки се споритвни на тоа за што се залага. – рече Биљали.