Најавена е нова иницијатива за ментално здравје помеѓу Џастин Бибер и BetterHelp и ова е добра вест за фановите и членовите на неговиот тим.
Во вторник, 5 април, канадскиот пејач сподели дел од неговите размислувања за терапијата и малку за сопствените искуства и борби.
„Единственото нешто што го научив со текот на годините е дека сите поминуваме низ нашите подеми и падови и на сите ни треба понекогаш помош“, изјави Бибер за Билборд.
„Можноста да им понудам пристап до бесплатна терапија на моите обожаватели и семејството на турнејата е вистински благослов за мене“.
Според изданието, тимот кој работи на Bieber Justice World Tour ќе има потполно бесплатен пристап до професионалците за ментално здравје преку BetterHelp во текот на 18 месеци.
Покрај тоа, обожавателите на музичарот, како и секој друг, можат да се пријават за бесплатен месец терапија, за што платформата одвои 3.000.000 долари.
Пејачот во минатото отворено зборуваше за неговата борба против депресијата, а неговата сопруга Хејли Бибер изјави дека видела голема промена кај нејзиниот партнер кога тој почнал да ги зема вистинските антидепресиви.
„Многу луѓе се борат со депресијата и луѓето ја гледаат како слабост“, рече Џастин во 2020 година. „Да ви треба помош не значи дека сте слаби, туку се грижите за себе и за луѓето околу вас“.