Бибер објави видео од венчавката: Погледнете го моментот кога ја здогледа Хејли

Џастин и Хејли Бибер минатата година се венчаа во црква, една година по нивната граѓанска венчавка во тајност.

И двајцата на своите инстаграм профили споделија доста фотографии на кои имавме прилика да ја видиме невестата во нејзините три прекрасни венчаници, но сега испливаа нови фотографии и видео снимки.

Во скоп на својот документарен серијат Seasons, Џастин на Јутјуб објави видео од самата церемонија во црква, а делот кој посебно ги воодушеви неговите фанови е моментот која ја здогледа Хејли и кога застанаа и двајцата пред олтарот.

Целото видео можете да го погледнете на официјалниот канал на Џастин, но мора да го платите. И Хејли, на својот Инстаграм, објави неколку фотографии направени по церемонијата на кои се бакнуваат со Џастин.

За потсетување, откако три пати мораа да го одложуваат датумот за венчавка поради проблеми со организацијата, Бибери се венчаа на 31 септември 2019 година во Јужна Каролина во кругот на семејството и пријателите, а церемонијата беше затворена за јавноста.

Слични содржини