Бибер откри како славата влијаела на неговото ментално здравје

од Vladimir Zorba
433 прегледи

Популарниот пејач Џастин Бибер често зборува за своето ментално здравје како и за тоа како славата му влијаела. Додека многумина фантазираат да го живеат неговиот живот, изгледа дека не се ни свесни за многуте проблеми со кои се соочил овој млад пејач.

Како што вели, денес е свесен дека носел многу погрешни одлуки во минатото, но не дозволил тоа да го обликува. Тој со својот пример сака да им покаже на своите обожаватели дека тие си го формираат сопствениот живот и дека е во ред да прават грешки и да се покајат за тоа.

Бибер го почувствува товарот на славата многу рано, и зборуваше за сето тоа во новото интервју за списанието GQ.

„Се будите еден ден и не сте задоволни иако го постигнувате целиот тој успех, но што вреди за вас ако се чувствувате празни внатре? рече Џастин, додавајќи дека го поминувал најлошиот период од животот пред пет години.

Како што вели, во тоа време бил опкружен со луѓе кои „избегале од реалноста“ и неговиот живот се сведол на зависност од дрога.

„Постојано копнеев за повеќе. Го имав целиот тој успех, но сепак чувствував тага, болка. Сè уште имав нерешени проблеми. И мислев дека успехот ќе може да го реши сето тоа. За мене, дрогата беше само средство за умртвување“, рече тој.

Покрај тоа, во тоа време, неговите телохранители честопати влегувале во неговата соба навечер и го проверувале неговиот пулс за да се осигурат дека тој е сè уште жив.

Џастин не крие дека тогаш бил на самото дно, користел антидепресиви и му била дијагностицирана Лајмска болест.

Ова не е прв пат Бибер да зборува за менталните проблеми со кои се борел, за кои повеќето го обвинува токму товарот на славата. Имено, уште во 2019 година тој го привлече вниманието објавувајќи на Инстаграм во кое ја допре оваа тема.

„Кога сте презаситени од вашиот живот, минатото, работата, одговорностите, емоциите, семејството, финансиите, врските, тешко е да станете од кревет наутро со позитивен став. Кога ќе почувствувате дека следи проблем за проблем, ќе започнете да предвидувате низ призмата на страв, ќе почнете да предвидувате уште еден лош ден“, напиша тогаш.

Истата тема ја допре и во документарецот за неговиот живот кога призна дека понекогаш размислувал за самоубиство.

Слични содржини