Бибер пак предизвика скандал: расплака обожавателка

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Џастин Бибер наскоро може и да остане без млади фанови, откако уште еднаш се однесуваше како силеџија и дури и расплака една од обожавателките. 23-годишниот поп пејач бил исклучително груб со 20-годишната Саба Хелал, која го замолила за селфи за време на неговиот престој во Сиднеј, Австралија.

“Влегуваш во мојот личен простор, не сакам да се фотографирам. Погледни се, ми се гади од тебе! “, викнал пејачот кон младата дама.

“Ќерка ми беше уништена и се изнаплака. Таа умираше од нетрпение да се види со него, а тој ја понижи. Откако толку години му беше ревносен фан, таа повеќе нема да посети ниту еден негов концерт “, изјави диво мајката на девојчето пред Sun.

Ова не е првата манифестација на суровост на скандалозната ѕвезда во текот на годините. Бибер од почетокот на кариерата се доживува како бунтовник и дури имаше неколку судира со органите на редот – за напад на папарацо, борба во ноќен клуб, возење во пијана состојба, фрлање на јајца по приватна сопственост и т.н.

Минатата година Бибер јавно изјави дека нема да се снима повеќе со фанови, бидејќи му здодеало да го третираат како “животно од зоолошката градина”.

“Ако ме видите некаде надвор, имајте на ум дека повеќе нема да се фотографирам со фанови. Се случи и дека луѓето веќе дури и не ме поздравуваат и не гледаат на мене како на човечко суштество, туку како на животно од зоолошка градина. Сакам да го задржам разумот. Сфаќам дека многу од вас ќе бидат разочарани, но не должам никому селфи. И оние од вас кои ќе речат: “Но, јас го купив неговиот албум” нека имаат предвид дека тие плаќаат токму за тоа – за албум. Таму не пишува дека ќе добивате и слика секој пат кога ќе ме видите “, напиша тогаш пејачот во Instagram.