Џастин Бибер ги покажа плочките на стомакот и нова, коса со боја на лаванда во своето ново селфи во огледалото.b23c5c9345c8b7c168b903b3d62c4469

21-годишната поп ѕвезда дебитира со сосема нова фризура во пастелна, пурпурна боја само ден пред таткото на новата девојка Хејли – Стивен Болдвин да изјави дека неговата ќерка НЕ излегува со пејачот.

Според гласините Џастин и 19-годишната Хејли се заедно од крајот на 2014-та, а двајцата беа и на романтичен одмор на Карибите за време на новогодишните празници и споделија доста секси снимки од патувањето.

49-годишниот Стивен Болдвин сепак изјави за сајтот TMZ дека гласините не одговараат на вистината. Актерот изјави дека двајцата се “само пријатели”.

“Г. Бибер е прекрасен млад човек, исклучително талентиран, има уште многу успеси пред себе, а двајцата со Хејли се само многу добри пријатели.”

Фото: Instagram

Слични содржини