БиБиСи: Зрак надеж по разговорите во Москва

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 Аналитичарот на БиБиСи Кенди Бриџит вели, гледам зрак на надеж по преговорите во Москва меѓу Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд. Тој го коментира фактот дека не се изнесени детали за разговорот. “Охрабрувачки е, зашто беа изнесена многу малку информации. Тоа значи дека преговорите биле многу сериозни и сите внимаваат што ќе кажат”, смета Бриџит.

20150207.zwofasrobo

Путин, Меркел и Оланд се видоа насамо, без протоколџии и членови на делегациите.Разговараа, потоа прекинаа за слики, потоа повторно продолжија. Немаше заедничката прес-конференција по 5-часовни преговори, а канцеларот на Германија и претседателот на Франција веднаш отидоа на аеродром . Сега се очекува следната фаза. Во неделата ќе биде спроведена телефонска конференција  во т.н. “нормандски формат” или “нормандска четворка” – Русија-Германија-Украина-Франција, во која ќе се вклучи и претседателот на Украина Петро Порошенко.