Во Босна и Херцеговина, денес се потврдени 244 нови случаи на инфекција со коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа, во болниците во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.044 примероци, од кои 158 биле позитивни, додека во Република Српска биле тестирани 600 примероци, а коронавирусот бил потврден во 86 случаи.
Поединечно, повеќето се новозаразени во Сараево, каде се потврдени 84 нови случаи од саботата. Второ по големина жариште е Бања Лука со 22 новозаразени лица.
Пријавени се два нови смртни случаи, а починал еден постар маж од Сански Мост и една жена од Горажда.
Со најновите расположиви показатели, вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ сега е повеќе од 8.100, со 247 потврдени смртни случаи поврзани со инфекција со коронавирус.