БиХ на прво место на листата на земји со највисоки луѓе во светот

од desk3
136 прегледи

Во Босна и Херцеговина живеат највисоките луѓе во светот со просечна висина од 177,8 сантиметри, а по неа следат жителите на Холандија, кои се со просечна висина од 177,2 сантиметри и на Црна Гора со 177 сантиметрим, покажуваат податоците „Ворлд Атлас“.

c842f549250687cc668b99a20342e5cc

Како што јави босанскиот портал Кликс, во истражувањето на „Ворлд Атлас“ се наведува дека висината на луѓето зависи од генетиката, но и начинот на живот и исхраната на населението на одредени подрачја.

Список на земји каде жителите се највисоки:

1. Босна и Херцеговина (177,8 cм)

2. Холандија (177,2 cм)

3. Црна Гора (177 cм)

4. Данска (177 cм)

5. Норвешка (175,3 cм)

6. Германија (174,5 cм)

7. Литванија (174,5 cм)

8. Србија (174 cм)

9. Шведска (174 cм)

10. Финска (174 cм)

МИА