БиХ: Уште пет жртви на короната, 291 нов пациент

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Во Босна и Херцеговина беше објавено денес дека во претходните 24 часа се регистрирани пет смртни случаи како резултат на корнавирусот, со што се зголеми бројот на загинати за време на пандемијата во БиХ на 245.

Починаа три лица од Федерацијата БиХ и двајца од Република Српска.

Во последните 24 часа се регистрирани 291 нови случаи на заразени со вирусот.

За време на епидемијата, во БиХ се регистрирани 8.457 пациенти со коронавирус, а закрепнати се 3.255 лица.