Бијонсе – дива и заводлива во последното издание

Пејачката Бијонсе уште еднаш докажа дека е кралица на егзотичните и несекојдневни изгледи.

Нејзиниот последен избор кој го стилизираше за излегување со мајка ѝ и пријателките, падна на корсет-фустан со животински принт кој оваа година доминираше.

Осдвен фустанот кој ги истакна сите нејзини облини, Бијонсе носеше и ракавици со ист принт, зелени обетки и лакирани чевли.

Во фокусот беше нејзината фризура, долги плетенки кои ги направи за промовирањето на новата колекција за својот бренд Ivy Park. Што се однесува на шминката, Бијонсе во склад со својот див аутфит носеше драматично нанесен туш и светло кафена нијанса на кармин.

Во само неколку часа, Бијонсе на фотографиите собра повеќе од 6 милиони допаѓања, а дека изгледа прекрасно и порача и Наоми Кембел.

Слични содржини