Бијонсе донира 500.000 долари на погодените од станбената криза

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Американската пејачка Бијонсе ќе понуди помош од 5.000 долари за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со иселување поради кризата со домувањето предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Луѓето можат да аплицираат за помош од 7 јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб-страница во вторникот. Помошта ќе биде испратена до 100 лица избрани на крајот на јануари, пренесува Си-Ен-Ен.

„Бијонсе продолжува да го дава своето срце на поддршка и помош таму каде што е најпотребно. Втората фаза од фондот „BeiGOOD Impact“ сега ќе им помогне на погодените од станбената криза“, сподели пејачката во соопштението.

Во него се додава дека мораториумот за домување треба да заврши на 26 декември, што би резултирало со ликвидација на хипотека и иселување и потсетува дека многу семејства се погодени од пандемијата, што резултираше со губење на работното место, болест и целокупната економска криза.

Се проценува дека 9,2 милиони станари кои изгубиле приход за време на пандемијата доцнат со плаќање на кирија, се вели во анализата на податоците од пописот на Центарот за буџетски и политички приоритети.

Слични содржини