Бијонсе донира пари на ранливи граѓани на Тексас

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Американската пејачка Бијонсе се здружи со организацијата „Адидас“ и Bread of Life за да соберат пари за ранливите жители на Тексас, кои се борат со последиците од ледената бура „Ури“.

Бијонсе преку својот профил на Инстаграм, каде ја следат 165 милиони луѓе, апелираше за помош на загрозените. Покрај тоа, таа ги покани погодените од невремето да се пријават на посебен линк за да им донираат пари.

Повеќе од 40 лица го загубија животот во и по ледената бура што го погоди Тексас пред неколку дена. Неколку милиони луѓе во моментов живеат без лекови, храна, вода, струја и греење. Низ цела Америка се започнати бројни хуманитарни акции, а веќе се собрани стотици илјади долари за помош на загрозените.

Да потсетиме, ова не е прв пат Бијонсе да им помага на Американците преку фондацијата „BeyGOOD“. Во текот на 2020 година, пејачката повеќепати донираше средства за набавка на храна, заштитни маски, средства за дезинфекција и лекови поради пандемијата на коронавирус.

Покрај тоа, нејзината фондација распределила 2,5 милиони долари на помали компании загрозени од пандемијата, како и 500.000 американски долари на семејствата кои морале да се иселат од изнајмените станови, бидејќи не плаќале кирија.

Слични содржини