Американската пејчка Бијонсе ги воодушеви сите оваа недела кога се погрижила за нејзините фанови безбедно да се вратат дома по нејзиниот концерт, кој доцнеше поради големо невреме.
Имено, според протоколот Бијонсе требашла да излезе на сцената во 21:00 часот, но поради предупредувањето на метеоролозите, концертот бил одложен за еден час подоцна.
Иако дождот продолжи да паѓа речиси во текот на целото време на концертот, тоа не ја спречило Бијонсе да настапи.
View this post on Instagram
По концертот, Бијонсе ги воодушевило обожавателите со тоа што платила 100.000 долари за да продолжат да функционираат линиите на метрото во Мериленд еден час подолго, за да можат сите да се вратат од нејзиниот концерт.
„Washington Metropolitan Area Transit Authority“ во соопштение за печатот открила дека „Renaissance World Tour“ ја платила сметката за „управување на повеќе возови, одржување на сите 98 железнички станици отворени и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час железничка услуга, објави „Билборд“.