Бијонсе им го честиташе роденденот на близнаците кои ги крие од јавноста

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Викендов светската дива Бијонсе со кратка порака го прослави четвртиот роденден на своите близнаци, ќерката Руми и синот Сер.

„Што е подобро од еден подарок – два“, напиша таа и им посака среќен роденден.

Пораката изгледа како бел текст на црна позадина, без дополнителни украси. Патем, за Бијонсе е типично да му додаде на текстот фотографија од лицето на кое му го честита роденденот, но овој пат недостасуваа фотографиите.

Така, таа продолжува вешто да ја крие својата интима и тајната околу близнаците, кои ретко се гледаат во јавноста и на социјалните мрежи.

Слични содржини