Раперот Џеј Зи се приклучи на Инстаграм и накратко стана единствената личност која неговата сопруга Бијонсе ја следеше на социјалните мрежи, пишува Инсајдер.
Во моментот на пишувањето, профилот на ѕвездата имал 2,3 милиони следбеници.
Потврдениот профил следеше само еден профил – оној на Бијонсе, кој има 216 милиони следбеници.
Според Vulture, Бијонсе исто така не следи никого на Инстаграм, а овој факт е накратко променет, бидејќи профилот на Џеј Зи моментално не постои, а по секоја веројатност е отстранет.
Според CNN, Џеј Зи го создал својот профил со идеја да го промовира The Harder They Fall, чијшто продуцент е и тој.
Раперот има и две песни во филмот, кои дебитираа вчера на стриминг платформата Netflix.
Бијонсе и Џеј Зи се во брак од 2008 година и имаат три деца – Блу Ајви, Сер и Руми.
Тие неодамна го напуштија Њујорк за да се преселат во Калифорнија.
Иако ја напуштија државата Њујорк, во септември 2017 година, Бијонсе и Џеј Зи платија огромни 26 милиони долари за замок со седум спални соби и седум бањи во Ист Хемптон.
Во истата година, парот, чие богатство сега надминува 1 милијарда долари, купи замок во Бел Ер, Калифорнија, за 88 милиони долари. Ова е сегашниот дом на семејството.