Бијонсе направи неверојатен гест за своите обожаватели: Платила 100.000 долари за ова

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Легендарната Бијонсе одржа спектакуларен концерт во Мериленд, а со оглед на тоа дека самиот почеток мораше да биде поместен за еден час поради невреме, таа на посебен начин им возврати на своите обожаватели.

Пејачката Бијонсе направи нешто за сите оние кои ја слушаат што не можеме да го видиме секој ден. Таа имаше закажан концерт со почеток во 21 часот, но поради силното невреме сè беше поместено еден час подоцна, поради што за нејзините обожаватели беше отежнато враќањето од концертот.

Во соопштението за печатот Washington Metropolitan Area Transit Authority откри дека пејачката платила дополнителни 100.000 долари за дополнителниот час во кој возовите продолжиле да сообраќаат, за да бидат вратени луѓето од концертот.

Дождот продолжил да врне во текот на целата вечер, но тоа не ја спречило пејачката да создаде атмосфера за паметење.

Слични содржини