375
Откако беше објавено шокантното интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, се огласи познатата пејачка Бијонсе, која ја поддржуваше војвотката од Сасекс.
Пејачката испрати зборови на поддршка за Меган на својата веб-страница, заедно со нивните заеднички фотографии, кои беа направени на премиерата на анимираниот филм „Кралот лав“ во 2019 година, во Лондон.
– Ти благодарам Меган за твојата храброст и лидерство. Сите сме зајакнати и инспирирани поради тебе – напиша Бијонсе.