Почетокот на светската турнеја на Бијонсе минатиот месец во Шведска доведе до такво зголемување на побарувачката за хотелско сместување и бројот на резервации во ресторани, односно до зголемување на цените, што земјата објави инфлација од 9,7 отсто во мај, што е повисока од очекуваното.
Економистот на Dansk Bank, Мајкл Гран изјави дека мисли дека токму Бијонсе го поттикнала растот на цените во хотелите и рестораните, пишува Би-би-си.
Тој додаде дека доаѓањето на пејачката стои и зад неочекуваното поскапување на рекреативните и културните настани.
„Не би ја обвинувал Бијонсе за високата инфлација, но нејзините перформанси и глобалната побарувачка очигледно придонесоа за тоа“, рече Гран.
Нема сомнеж дека првата самостојна турнеја на популарната пејачка по седум години одбележала важен економски момент, наведува Би-Би-Си и додава дека постојат проценки дека Бијонсe би можела да заработи речиси две милијарди фунти од нејзината светска турнеја до крајот на септември.
Потрагата по сместување во градовите каде што пеела или допрва требала да ги посети, значително се зголемила, а билетите за многу концерти се распродале за неколку дена, додека цените драстично пораснале на пазарот за препродажба.