Бијонсе за малку ќе ги покажеше градите пред илјадници луѓе: Доживеа пех средe настап (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Познатата пејачка Бијонсе моментално е на европска турнеја, а нејзините настапи се секогаш спектакуларни.

Таа се грижи за секој детал, а големо внимание посветува на сценскиот настап и стајлингот. Така и нејзината публика, освен во моќниот вокал на пејачката, ужива и во нејзиниот настап.

Меѓутоа, сега на еден концерт доживеала мал пех, а тоа брзо завршило на социјалните мрежи.

Имено, Бијонсе настапи во розов фустан со светки со длабоко деколте, како и два огромни шлицови и ги истакна сите свои атрибути. Сепак, овој стајлинг речиси откри повеќе отколку што Бијонсе сакаше да покаже.

@byseyn Damn he did it so smooth 💯 #lestwins#beyonce#blueivy#renaissance#renaissancetour#breakmysoul#hamburg @Beyoncé ♬ original sound – Seyn

Пејачката за време на изведбата на песната „Break My Soul“ скокаше и танцуваше, а во еден момент ѝ се измести фустанот во пределот на градите и таа за малку ќе ги откриеше пред многубројната публика. За среќа, еден дечко од танчерската група кој бил до неа забележал што се случува и брзо застанал пред пејачката за да го реши проблемот.

Тој тоа го направи доста професионално, а на почетокот никој не ни забележа што се случува, а потоа Бијонсе продолжи да оди по сцената држејќи ја раката над градите.

Слични содржини