Бил Гејтс: Интернетот им помогна на „лудите“ да се пронајдат едни со други

од Nikola Popovski

Мултимилијардерот Бил Гејтс првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот повеќе позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека станал средство за дезинформации и „луди идеи“.

Според неговите зборови, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја започнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што рече, очекувал да се отвори „сократска дебата на Интернет“. Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, а тоа е дека е средство за луѓе со „луди идеи“.

-Ги имаше многу (луѓе со луди идеи). Едноставно не се пронаоѓаа едни со други, а сега со дигиталните алатки велат: „Ох, веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме „QAnon“ (крајно десничарска организирана мрежа и заедница кои прифаќаат низа неиздржани верувања), рекол Гејтс.

Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни да го решат проблемот со дезинформациите. Тој го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која рече дека може да го ублажи недостигот на работна сила и да го направи светот побогат со неа, пренесува „Business Insider“.

Слични содржини