Бил Гејтс: Короната ја гледам како личен непријател, некои тврдења за мене се луди

од Nikola Popovski
231 прегледи

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, рече дека го гледа коронавирусот како личен непријател и дека некои земји биле себични кога станува збор за дистрибуција на вакцини.

„Се ќе беше полесно доколку споделивме знаење и си помагавме, но имаше поголеми поделби отколку што очекував. Тоа е човечка природа. Пандемиите го откриваат најдоброто и најлошото кај луѓето. Некои поединци и земји сметаа дека имаат право прво да се вакцинираат. Во развиените земји ги вакцинираме младите и децата, додека постарите Африканци и Латиноамериканци се уште не се вакцинираат“, истакнал милијардерот.

Гејтс тврди дека поминал часови проучувајќи го коронавирусот, но дека светот не бил подготвен да се соочи со овој непријател.

„Неколку генерации минуваат низ настани кои предизвикуваат загуби од милијарди долари и десетици милиони смртни случаи. Ниту еден земјотрес или пожар не предизвика толкава штета. Сепак, бевме поподготвени да се справиме со земјотреси и пожари. Секоја година трошиме милијарди за одбрана, а речиси ништо за заштита од пандемии“, рече Гејтс.

Како некој што се залага за вакцинација, често бил мета на антиваксерите, но како што самиот вели сите тврдења за него се налудничави.

„Фактот што ве етикетираат како некој што игра злобна улога во оваа пандемија е зачудувачки. Факт е дека работам во светот на вакцините и имам многу пари. Но, идејата да сакам да ги контролирам човечките тела е лудо“, заклучил основачот на Мајкрософт.

Слични содржини