Бил Гејтс: Криптовалутите се измама, трендови засновани на поголема глупост

од Nikola Popovski
288 прегледи

Трендовите на дигиталните средства се 100 отсто засновани на теоријата на поголема глупост, изјави ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на конференцијата „TechCrunch“, пишува „CNN“.

Инвеститорите можат да заработат пари од безвредни или преценети средства сè додека луѓето се подготвени да им дадат повеќе, рече Гејтс, исмејувајќи се на колекцијата Bored Ape Yacht Club NFT. Станува збор за слики од дигитални мајмуни кои инвеститорите ги плаќаат стотици илјади или милиони долари, само со цел да ги соберат, односно подоцна да ги продадат по повисока цена од онаа што ја купиле.

Наместо тоа, Гејтс рече дека претпочита старомодно инвестирање.

„Навикнат сум на овие видови средства, како што е фармата каде што имаат производство или компанија каде што произведуваат производи“, рече тој.

Неговите коментари доаѓаат во време кога биткоинот и другите криптовалути паѓаат, пишува „CNN“.

Биткоинот го достигна највисокото ниво од 69.000 долари во ноември 2021 година, а оттогаш највредната криптовалута во светот изгуби две третини од својата вредност, вчера падна под 23.000 долари. Само од петокот загуби околу 25 отсто од својата вредност.

Според „CNN“, крипто берзата „Coinbase“ објави дека отпушта 18% од своите вработени бидејќи пазарот на дигитални валути продолжува да се распаѓа.

Гејтс и претходно се сомневаше во криптовалутите. Во интервју за Блумберг 2021 година, овој американски милијардер рече дека едно е Елон Маск и Тесла да инвестираат во биткоин, но дека тоа не значи дека просечните инвеститори треба да го следат примерот.

„Мислам дека луѓето се вклучуваат во овие манија, а немаат доволно пари. Јас не сум за биткоин“, рекол Гејтс, пренесува „CNN“.

Слични содржини