Бил Гејтс не е фан на биткоинот: Подобро е да инвестирате во вакцини и производство

од Nikola Popovski
239 прегледи

Деновиве Бил Гејтс е најпопуларен по својата работа во областа на филантропијата, но секако најмногу поради неговата улога во борбата против разни болести, вклучително и маларијата, одредени видови на сипаници и сл.

Тој неодамна негираше дека „неговите вакцини содржат микрочипови“ и рече дека му е крајно досадно од таа приказна, а сега се осврна и на Биткоинот, кој деновиве го доживува својот наизменичен подем и пад.

Говорејќи на телевизиската мрежата Клубхаус, во разговор со американскиот ТВ водител Ендру Соркин, Бил Гејтс открил дека не е заинтересиран за Биткоин и дека претпочита да инвестира во компании кои се занимаваат со производство на нешто, нов производ. Тој особено ги наведе компаниите кои произведуваат вакцини за маларија и сипаници.

Милјардерот рече дека не ги избрал своите инвестиции врз основа на тоа дали за другите ќе вреди повеќе.

Бил Гејтс исто така рече дека луѓето кои имаат помалку пари од Илон Маск мора да бидат претпазливи: „Илон има тони пари и е многу софистициран, затоа не се грижам дека неговиот Биткоин некако наизменично ќе се качува или паѓа во вредноста“, рече Гејтс за Блумберг.

Слични содржини