Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, по бројните критики поради предлогот за формирање глобален систем за спречување на нови пандемии, зборуваше за главните закани по човештвото по искоренувањето на вирусот корона.
Во интервју за Јутјуб каналот „Veritasium“, ко-основачот на „Мајкрософт“ рече дека постојат две главни закани – климатските промени и биотероризмот.
„Една од нив е климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број на смртни случаи отколку што имавме во оваа пандемија“, рече Гејтс.
Според него, постои друга закана за која никој не сака да зборува.
„Некој што сака да предизвика штета може да направи вирус, а тоа значи дека постои можност да бидеме заразени со него повеќе отколку во природно предизвикана епидемија како сегашната“, рече тој.
Милијардерот истакна дека во иднина ќе има повеќе пандемии, бидејќи луѓето комуницираат со други видови, а вирусите ја преминуваат видната бариера. Тој спомена дека луѓето треба да бидат поподготвени и дека никогаш нема да имаме број на мртви како што е сега.
Гејтс неодамна предупреди дека светот не е подготвен за следната пандемија, за која рече дека може да биде десетпати полоша од сегашната, која веќе однесе животи на 2,2 милиони луѓе ширум светот и предизвика огромна економска криза.