Бил Гејтс пристигна во турски Бодрум со јахта долга 107 метри

од Nikola Popovski
725 прегледи

Основачот на американскиот технолошки гигант Мајкрософт, Бил Гејтс, го посети Бодрум, област во западната турска провинција Мугла, која е еден од бисерите на турскиот туризам.

Гејтс пристигна во Бодрум на јахтата „Лана“, под знамето на Кајманските Острови, долга 107 метри и широка 16 метри. Јахтата со Гејтс и неговата придружба се закотвила во замокот Бодрум.

Гејтс и неговата придружба подоцна ги посетиле замокот Бодрум и Подводниот археолошки музеј.

Слични содржини