Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, најави дека ќе се откаже од своето огромно богатство и на крајот ќе падне од листата на најбогати луѓе во светот.
Пред тоа, Гејтс најави дека ќе донира 20 милијарди долари на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, бидејќи има „обврска“ да го врати своето богатство во општеството, јавува Би-Би-Си.
Четвртиот најбогат човек на светот и во 2010 година најави дека сите пари ќе ги донира во добротворни цели, но се покажа дека ги заработил побрзо отколку што ги потрошил, а оттогаш неговото богатство се удвои.
Although the foundation bears our names, basically half our resources have come from Warren Buffett. His incredible generosity is a huge reason why the foundation has been able to be so ambitious. I can never adequately express how much I appreciate his friendship and guidance. pic.twitter.com/at7MvJKxQv
— Bill Gates (@BillGates) July 13, 2022
Според магазинот „Форбс“, богатството на Гејтс сега изнесува 118 милијарди долари, но ќе падне под 100 милијарди долари кога ќе ги исплати парите на фондацијата што ја основал во 2000 година со тогашната сопруга.
Гејтс вчера најави дека фондацијата ќе има на располагање шест милијарди долари оваа година, а ќе може да потроши девет милијарди во 2026 година за да помогне во борбата против пандемијата, климатските промени и кризата во Украина.
„Мојот план е во иднина да ги префрлам речиси сите пари што ги имам на фондацијата и на крајот повеќе да не бидам на листата на најбогати луѓе. Мојата заложба е да ги вратам средствата во општеството за да се намали страдањето на луѓето и да се подобрат условите за живот“, рече Гејтс.
Фондацијата Гејтс работи во многу земји, а нејзината сегашна цел е да ги искорени болестите како маларијата, да ги подобри условите за образование и да обезбеди вода за пиење.
Фондацијата од своето основање добила 39 милијарди долари од Гејтс, а голем донатор е и Ворен Бафет, кој платил 35,7 милијарди. Тоа е најголемиот приватен донатор на Светската здравствена организација и воопшто вториот најголем донатор, по САД.