Бил Гејтс заработува 11 милиони долари дневно!

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Колку дневно заработува коосновачот на компанијата „Microsoft“ Бил Гејтс, кој е меѓу најбогатите луѓе во светот, објави и американската компанија „Zippia“, која посредува за вработување и објавува деловни податоци.

Бил Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа по богатство беше надминат од основачот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос. Меѓутоа, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита.

Како што пренесува „Zippia“, просечниот човек во текот на својот живот заработува 2,7 милиони долари, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

„Microsoft“ е еден од изворите на заработка на Гејтс. Откако ја основаше оваа компанија со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини.

Најголем дел од својата заработка ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.

Слични содржини