Бил Клинтон тагува по Олбрајт: „Медлин стави крај на етничкото чистење во БиХ и Косово“

од Nikola Popovski
300 прегледи

Медлин Олбрајт беше една од најдобрите државни секретари, извонреден амбасадор во ОН, брилијантен професор и прекрасен човек, објави синоќа поранешниот американски претседател Бил Клинтон, по веста за смртта на поранешната американска државна секретарка.

„Хилари и јас сме длабоко тажни поради нејзината смрт. Секогаш ќе бидеме длабоко благодарни на прекрасното пријателство што не поврза“, го започна Клинтон соопштението.

„Таа стави крај на етничкото чистење во Босна и Косово, го поддржа ширењето на НАТО во Централна Европа, се спротивстави на зголемувањето на нуклеарното оружје, работеше на намалување на сиромаштијата и многу повеќе, и никогаш не ја изгуби смислата за хумор, дури и за време на нашиот последен разговор пред две недели. Ја поддржа Украина во борбата за демократија и слобода.

Како дете во Европа разурната од војна, таа и нејзиното семејство двапати беа принудени да ги напуштат своите домови. По завршувањето на Студената војна, таа беше гласот на Америка во ОН.

Пред речиси три години, за последен пат патувавме заедно, за да ја прославиме 20-годишнината од борбата за независност на Косово, кога во центарот на Приштина открија споменик со нејзиниот лик“, стои во објавата на Клинтон на Твитер.

Слични содржини