Спасувачките служби во Алјаска спасија очаен човек кога речиси недела дена бил малтретиран од гризли мечка.
Американската крајбрежна стража забележала СОС-порака на покривот од стражарницата и човек мавтајќи очајно кон нив.
Несреќниот човек им рекол дека бил нападнат од мечка и дека потоа го бркал и го малтретирал со денови. Мажот бил пренесен во болницата во Номе со повреди на градниот кош и ногата кои не се опасни по живот.
Хеликоптерот на крајбрежната стража всушност требало да пренесе тим научници во истражувачка мисија во нивниот камп на Алјаска, но поради лошите временски услови, тие се свртеле и забележале повик за помош.
„Њујорк Тајмс“ објави дека човекот речиси останал без муниција и дека била скршена вратата на колибата во која живеел.
„Во еден момент, мечката го влечела кон реката. Имаше пиштол. Тој рече дека мечката се враќала секоја вечер и дека не спиел со денови“, рече командантот Џеред Карбаџал.
Човекот, кој излегол од стражарницата мавтајќи со бело знаме, не бил именуван, но официјалните лица велат дека има 50-60 години и бил на патување со пријателите.
Алјаска е позната како „земја на мечки“, но ваквите агресивни средби, велат властите, се ретки.