304
Актерот Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а според првичните информации се удавил во џакузи.
Како што пренесува „Лос Анџелес Тајмс“, кога пожарникарите пристигнале во неговиот дом, Пери бил веќе мртов, а портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес изјавил дека „возрасниот маж починал пред доаѓањето на итната помош“.
„Пациентот случајно бил пронајден од асистентот, кој ја препозиционирал жртвата така што неговата глава да биде надвор од водата. Пожарникарите ја извлекле жртвата од џакузито и по брза лекарска проценка констатирале смрт“, изјавил портпаролот за споменатиот медиум.
Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, а наведено е дека првите резултати од обдукцијата се „одложени“.