Била толку сиромашна што имало денови кога гладувала, а сега се омажи за милијардер

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Руската манекенка Наталија Водианова се омажи за наследникот на луксузната модна империја LVHM и милијардер Антоине Арнаулт, а среќната вест ја сподели на својот Инстаграм.

Се шпекулираше дека нивната венчавка ќе биде една од најраскошните настани на годината, но поради пандемијата на коронавирус, сè се одигра поскромно, па парот го изговори судбоносното „да“ кај матичарот во 16-тиот париски арондисман. На фотографијата и на видеото што го сподели на Инстаграм, Наталија и Антоине позираат со насмевки на лицата, веднаш штом излегле од зградата на матичарот.

Невестата блескаше во креацијата на Улјана Сергеенко, со опуштена фризура и минимална шминка на лицето, а младоженецот се одлучи за син костум со вратоврска. Заедно со нив беа и нивните најблиски кои ги опсипуваа со ливчиња од рози, а на Инстаграм им честитаа многу познати пријатели, меѓу кои и супермоделот Наоми Кембел.

https://www.instagram.com/p/CFZzsOND0mk/?utm_source=ig_web_copy_link

Наталија денес живее живот како во бајка, но не беше секогаш така. Имено, денес 38-годишната убавица е родена во руско село, како дете живеела во голема сиромаштија, работела на пазар каде продавала овошје и зеленчук, но таму ја забележал модниот агент кој ја вовел во светот на модата. На само 17 години, таа веќе живееше во Париз, а три години подоцна нејзиното богатство беше проценето на 20 милиони долари.

Зад неа стои брак со претприемачот Џастин Портман, од кого се разведе во 2011 година и со кого има три деца. Џастин многу тешко го поднесе разводот и заврши на рехабилитација.

Слични содржини