Билатерални средби на Османи во Блед

од Radmila Tasevska
260 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на Бледскиот стратешки форум, имаше билатерални средби со високи претставници на повеќе земји.

– Османи денеска реализираше продуктивни средби со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Влаховски, државната секретарка за европски прашања на Франција Лоранс Бун, државниот секретар за европски прашања на Португалија Тиаго Антунес, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич, членот на Државниот совет на Франција и поранешен советник на францускиот претседател, Александре Адам, како и со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, соопшти МНР.

Во фокус на разговорите беа актуелните состојби во земјава во контекст на интеграцијата во ЕУ и важноста од успешно завршување на процесот на уставни измени. Стана збор и за актуелни меѓународни теми, со посебен акцент врз регионалните и глобалните предизвици од руската агресија врз Украина.

Претходно, на агендата на Османи беше и средбата со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Џин како и работниот појадок со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан, инфирмираат од МНР.

Слични содржини