Билчик: Европската интеграција на Србија е како „јојо“

од Nikola Popovski

Пратеникот во Европскиот парламент Владимир Билчик изјави дека Србија, доколку сака да влезе во Европската унија, „мора да бира и да избере“.

– Русија тргна по патот на агресорот и ја нападна Украина. Брутално уби илјадници луѓе… Србија мора да се запраша дали сака да биде дел од европскиот свет или сака да биде земја блиска до Русија. Изборот е јасен – рече Билчик.

Тој ја спореди европската интеграција на таа земја со играчката „јо-јо“.

– Се чини дека евроинтеграциите беа како еден вид јо-јо во Србија. Подеми и падови, подеми и падови – смета Билчик.

Тој повторува дека Србија добила јасна порака од вчерашниот Извештај на Европската комисија.

Зборувајќи за пристапниот процес, Билчик изјави дека тоа не е недвосмислен процес и дека има и други области во кои се очекува напредок од Србија.

Слични содржини