1,7K
Европската иднина на Западен Балкан може да се постигне само преку реформи и нема пречки, напиша на Твитер членот на Европскиот парламент Владимир Билчик.
Промената на границите и размената на територии е опасна патека кон експлозивно минато, рече Билчик по повод наводниот нон-пејпер што медиумите му го припишуваа на словенечкиот премиер Јанез Јанша, што тој го негираше.
Билчик ја ретвитуваше и наредбата на словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, кој вечерва рече дека Словачка ги поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.
„Тоа беше и ќе биде камен-темелник на принципите на Европската унија и на НАТО“, додаде Корчок.