БИЛД: Албанија, нарко-држава пред нашата врата

од Илинка Илиоска
660 прегледи

Најтиражниот германски весник „БИЛД“ објавува уште еден бомбастичен текст за владата на Еди Рама. Овој пат на насловната страница весникот објавува текст со наслов: „Албанија, нарко-држава пред нашата врата“, објави Ора њуз.

Додава дека написот доаѓа како продолжение на ексклузивната истрага на весникот за „реките со кокаин во Германија“, која е „преплавена со кокаин како никогаш досега“.

-Албанија е секогаш во фокусот. Таа е епицентарот на европската мафија за кокаин, нагласува весникот.

Министерката за внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер, во изјавата за „БИЛД“ предупредува дека албанските банди го преплавуваат наркопазарот во Германија.

-Албанскиот организиран криминал со неговите врски во Јужна Америка е особено во фокусот на истражителите, потврдила министерката.

Според весникот „мафијашките убиства во Албанија се секојдневна реалност, каде само во 2021 година се забележани 100 вакви убиства“.

-Проблемот е што нарко-мафијата има врски со највисоките политички нивоа во Албанија, констатира весникот.

Слични содржини