Bild: Асад врати со помош на Русија само 1,3% од територијата на Сирија, но со огромно значење

од desk3
90 прегледи

Според новото истражување на експертот за борба против тероризмот на британскиот Институт за истражување IHS Колумб Стрек, владината војска на претседателот Башар Асад од почетокот на воената операција во Сирија вратила под своја контрола само 1,3% од територијата (2400 километри квадратни), соопшти Викторија Дјумер во германскиот таблоид Bild.Експертот смета дека овие 1,3% не се многу, но тие “имаат огромно значење и за Асад, и за неговите противници”. “Ситуацијата на сирискиот режим сериозно се промени: во првите 8 месеци од 2015 година Асад загуби 18% од контролираните територии и по сето тоа изгледаше дека тој ќе претрпи воен пораз и ќе биде соборен од власт. Сега ситуацијата е стабилна и тој дури враќа територија. ”

20160123.ijxhkxxdvb

Сега под контрола на Асад се наоѓаат 30 илјади кв.км. од вкупно 185 илјади квадратни километри. Најголема активност владината војска манифестира во реонот на вториот по големина сириски град Апепо кој според Стрек, има огромно значење за Асад. “Алепо е најголемиот град во северна Сирија и ако падне во рацете на вооружените востаници, тие можат таму да основаат независна сунитска држава. Асад со сите средства не сака да го признае тоа “- појаснува експертот.

Асад ги враќа првенствено контролата над територии, заземен од Исламкска држава и во помала мера теритоија владејана од сириските бунтовници. Откако е расцепкана едногодишната опсада околу аеродромот Квејрис, сега следна цел ќе биде град Ел Баб.

Граничните градови Ел Баб и Манбиџ имаат големо значење за ИД поради географската локација: тие се користат за влезни и излезни врати кон територијата на Турција. “Ако Ел Баб и Манбиџ бидат вратени, тогаш ИД ќе владее во Сирија само два големи града – Ракка и Дир ас-Зур” – пишува експертот. Тогаш работите на калифатот ќе тргнат на лошо, уште повеќе што тие се притиснати од сунитските бунтовници поддржани од Турција.

Стрек предвидува дека ако се оди како сега, т терористичката организација ќе биде искоренета долж границата уште во наредните недели или месеци.