
Tрите најголеми закани на современиот дигитален свет се нарекуваат Русија, Русија, Русија. Така почнува водечкиот коментар на најчитаните весник во Германија “Билд” по повод отворањето на конференцијата за сајбер безбедност на Универзитетот Стандфорд.
Авторот прави споредба помеѓу дејствата на двеTE големи сили во интернет-просторот – Кина и Русија. “И двете сили делуваат агресивно, но додека Кина е заинтересирана за стабилен свeтовен ред во кој да цвета трговијата, Кремљ има за своја цел поделба на Западот.
Русија ја користи дигиталната сила – за разлика од сите други држави, за уништување.
Во дигиталниот свет студената војна, предводена од Русија, одамна стана жешка “, пишува весникот. Тој наведува дека Русија е и единствената држава која рафинирано ги комбинира сајбер војните со методите на конвенционалната војна, давајќи пример за конфликтот во источна Украина и анексијата на Крим.
“И во двата случаја имаме водење на конвенционална војна преку платеници, војници без обележја, тајни служби и пропаганда на интернет, која служи за тотална замена на вистината”, се вели уште во коментарот.
Авторот забележува дека пропагандата е толку успешна што веќе дури на Запад се зборува за “граѓанската војна во Украина”, а таква категорично нема.
Украинците не стрелаат против Украинци, а етнички тензии пред конфликтот речиси немаше. Успехот е толку голем што Русија, која ја води војната таму е поканета да учествува во преговорите за решавање на конфликтот, иако токму таа е дел од него.
Затоа и решение на кризата во Украина на тој начин нема и не може да има, заклучува весникот. Тоа е најголемата можна победа на дигиталниот фронт за Русија. “Билд” ја обвинува Русија и во тоа што објави војна на концептот на вистината, на тој начин сее сомнежи и противречности во западните општества. Кремљ дозна дека најголемата сила е и најголемата слабост на Западот: отвореноста на општествата.
Русија ја искористи слободата на печатот, за да ги спроведе своите пропагандни медиуми, со кои оспорува секоја вистина, тврдејќи дека вистината всушност е секогаш повеќе од една. А тоа не е така.
Имаме јасни одговори на прашања кои руската пропаганда ги замаглува и тие се дека дресирани во Русија војници го симнаа холандскиот авион во Украина, Асад користел хемиско оружје во Сирија, нема силувано од бегалци руско девојче во Берлин, американските напади во Сирија не се подеднакво лоши како руските, синот на Ердоган не прави сомнителни трансакции со Исламска држава.
Овие одговори се докажани одамна и покрај тоа руската пропаганда продолжува да сее сомнежи во нив. Таа е толку успешна што веќе ниту едно западна влада не го покренува прашањето за руските злосторства во Сирија, каде што Русите водат војна против цивилите и ја уништуваат инфраструктурата на земјата.
Концептот на руските тајни служби гласи: во еден свет без вистина секој може да тврди што ќе посака, пишува весникот и покренува и прашање за одговор на оваа пропаганда со уште посилни дигитални медиуми, кои ќе ги демантираат лагите така, како тоа се случило за време на Студената војна.