Биљаљи за иницијативата за укинување на едногласност при приемот на нови членки: Потребна е едногласност од Европскиот совет

Тој во изјава за „Локално“ додава дека самиот процес е многу покомплициран, а ние не треба да се надеваме, оти тоа е процес кој може да потрае три, четири или пет години.

од Бисера Трајковска
44 прегледи

Не доволна само политичка волја на луѓето кои што ги водат институциите, туку потребна е едногласност, првенствено во Европскиот Совет, посочи универзитетскиот професор, Мерсел Биљали, коментирајќи ја иницијативата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да се разгледа укинување на едногласноста и да се воведе „квалификувано мнозинство“ при одлучувањето за прием на нови членки.

Тој во изјава за „Локално“ додава дека самиот процес е многу покомплициран, а ние не треба да се надеваме, оти тоа е процес кој може да потрае три, четири или пет години.

Биљаљи не се согласува дека целта на оваа иницијатива е прием на нови членки.

-За Европската Унија прием на нова членка е болна состојба – треба многу пари и енергија, вели Биљаљи.

Биљаљи е на ставот дека иницијативата за укинување на едногласноста е повеќе од финансиска природа.

Б.Т.