Мери Џеј Блајџ ќе биде одликувана како „Икона“ (Icon) на музичките награди „Billboard“ на 15 мај, објави изданието на својата веб-страница.
Десеткратниот добитник на награди на „Billboard“ исто така ќе пее за време на шоуто во Лас Вегас.
„Billboard“ ја доделува наградата „Icon“ веќе 11 години. Тоа е признание за извонредни изведувачи кои влијаеле на музиката, кои имаат забележителни достигнувања на топ листите. Меѓу претходните добитници се Нил Дајмонд, Стиви Вондер, Принц, Џенифер Лопез, Селин Дион, Џенет Џексон, Мараја Кери, Пинк…
„Мојата кариера беше толку неверојатно и неочекувано патување, со многу пресврти во насоки што никогаш не ги замислував, како што се глума, продукција, бизнис, а сега дури и мој сопствен музички фестивал“, рече Блајџ. „Преку сето ова, отсекогаш на еден или друг начин се враќав на мојата прва љубов – музиката. Да се биде признаен на овој начин и токму сега, со наградата „Icon“, е неверојатна чест што ме исполнува со понизност“.
Во 1995 година, Блајџ ја освои наградата на „Billboard“ за ARB албум на годината, а во 2006 година доби девет награди.
Мери има освоено девет Греми награди. Во 2017 година, таа стана првата личност во историјата на „Оскарите“ која беше номинирана за глума и пишување песни во истата година за нејзината работа во филмот Mudbound.
Четири од нејзините албуми се на врвот на „Billboard 200“ (“Share My World”, “Love & Life”, “The Breakthrough” и “Growing Pains”) и еден сингл на врвот на „Billboard Hot 100“ („Family Affair“). Таа е седмата жена што ја добива наградата „Icon“.
Викенд има најмногу номинации за музичките награди Билборд – 17.