449
Најголемата крипто-берза во светот, Binance, денеска објави дека го продале целиот свој бизнис во Русија на компанијата CommEX без можност за откуп и дека со тоа престанува со работа во Русија.
Во соопштението се нагласува дека средствата на руските корисници во криптовалути се „безбедни и сигурно заштитени“, пренесе „Комерсант“.
Износот на трансакцијата не е откриен, а процесот на префрлање на сегашните клиенти на Binance на платформата CommEX ќе трае најмногу една година.