Пребарувачот „Bing“ на „Microsoft“ предвидува дека „Roma“ на режисерот Алфонсо Куарон ќе освои
„Оскар“ за најдобар филм на церемонијата во неделата, објави Контакт Мјузик.

Пребарувачот на „Microsoft“ користи алгоритам за да ги предвидува победниците. Тој дава 23 отсто
веројатност дека филмот на „Netix“ од Куарон, во кој глуми Јалица Апарисио, ќе ја освои
позлатената статуетка.
„Roma“ исто така се натпреварува и да ја освои наградата за најдобар режисер. Според алгоритмот,
веројатноста за победа во оваа категорија е 79 проценти.
„Bing“, освен тоа, предвиде дека „Roma“ ќе освои најмногу „Оскари“, бидејќи е претендент во 4
категории – за најдобар филм (23 проценти веројатност), најдобар режисер (79), најдобар странски
филм (83 проценти) и кинематографија (51 процент).