320
Германската лабораторија BioNTech објави дека има намера оваа година да произведе 2,5 милијарди дози на вакцина против Ковид-19, развиена заедно со американската компанија Pfizer, односно 25 проценти повеќе отколку што првично беше најавено.
Производните капацитети ќе се зголемат како резултат на „оптимизација на производствениот процес“ и проширување на производствената мрежа, како и по одобрувањето да се извлечат шест дози од едно шише, наместо претходните пет, се наведува во денешното соопштение на компанијата.
До 23 март, BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer испорачаа повеќе од 200 милиони дози на вакцина ширум светот.